СДСМ бара регулаторна да ја намали цената на парното
Да се намали цената на парното за 30 проценти бараат од опозицијата.
„Ова барање се однесува на цената на парното за потрошувачите на топлинска енергија преку ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА и БЕГ, кои плаќаат повисоки сметки за греење од реалните за околу 30 отсто!“, велат од СДСМ.
Партијата на Заев ги обвинува овие две компании дека цела година на граѓаните им наплаќаат повисоки сметки.
„РКЕ имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните“ укажуваат од опозицијата.
Слично
