Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ сака проверка на документите на Јанкулоска, министерката со тужба бара милион денари

СДСМ сака проверка на документите на Јанкулоска, министерката со тужба бара милион денари
СДСМ побара Државната комисија за спречување на корупција да пбара постапка против министерката за внатрешни работи Гордан Јанкулоска. Јанкулоска пак бара оштета за клевета од милион денари. Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов ова се бара бидејќи министерката не го дополнила Анкетниот лист со новостекнатиот имот. „Видно од Анкетниот лист на Гордана Јанкуловска, постои разлика помеѓу имотот кој што е заведен во него, од имотот заведен во нејзиниот имотен лист и имотниот лист на нејзиниот сопруг. Тоа укажува дека Гордана Јанкуловска нема постапено по одредбите на Законот за спречување на корупција на начин што го нема пријавено зголемувањето на имотот“, изјави денеска Шилегов. Од МВРпак побара да поднесе прекршочна пријава против нивната министерка бидејќи во личната карта не ѝ е променета адресата на живеење. „Како именуван функционер во Владата на Македонија, Јанкулоска има обврска во рок од 30 дена да го пријави секое зголемување на нејзиниот имот, односно на имотот на член од семејството. Видено од Анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, постои разлика помеѓу имотот кој што е заведен од него, од имотот заведен во нејзиниот имотен лист и имотниот лист на нејзиниот сопруг. Ова укажува дека министерката нема постапено по одредбите од Законот за спречување на корупција, на начин што го нема пријавено зголемувањето на имотот“, истакна Шилегов. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пак посочи дека Шилегов ги признал клеветите, а таа против него покренала приватната тужба каде бара милион денари. „Шилегов конечно и јавно го покажа стравот и ги призна сите клевети и измислици изречени изминатиот период. Одеднаш од неговиот вокабулар ги снема лажните обвинувања за криминално богатење, купување на станови со измислена квадратура, прикривање на продажбата на стариот стан и купувањето на новиот итн. Сепак штетата е нанесена и Шилегов, како и во секоја правна држава, ќе мора последиците за своите постапки да ги сноси на суд“, вели минисерката која на увид ја ставави и приватната тужба со оштетното побарување. Ја повика и Државната комисија за спречување корупција побрзо да се произнесе по претставката, но и судот побрзо да закаже рочиште за Шилегов. Реакција стигна и од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму обвинија дека СДСМ во својот партиски штаб се однесуваат и како обвинители и како судски органи и без никаков аргумент користејќи се со лаги и невистини обвинуваат други лица. И од владејачката партија ја повика државната комисија за спречување на корупција, УЈП и судските органи, поскоро да се произнесат за случајотсо  Јанкулоска.
Слично

Поврзани вести