СДСМ бара поголема сума интервентна помош за поплавените граѓани
Опозицијата денеска од поплавените подрачја побара од власта повеќе пари за граѓаните кои беа зафатени од невремто на почетокот на месецов.
Од СДСМ уште еднаш го вперија прстот во владеачката гарнитура обвинувајќи за корупција и алчност.
Реагираат на невремената евакуација на населението кое сега треба целосно да ги реконструира своите домови, предупредувајќи на фактот дека за помалку од десет дена почнува учебната година, а на семејствата ќе им требаат чиста вода, храна, нова облека, книги, училишен прибор.
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во име на неговата партија порача дека авансната исплата од 500 евра по семејство не е доволна.
„На овие луѓе, кои останаа без ништо итно им се потребни пари. Бараме интервентниот надоместок да се зголеми на 90 илјади денари за домаќинство“, истакна Манчевски.
Многупати, а и досега од СДСМ побараа власта да запре со изградба на панорамското тркало, кулата на Водно и барокните фасади.
Се вкупно од погоренабројаното ќе ја испразни државната каса за над 20 милиони евра.
