Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара поголем минималец и флексибилно работно време

СДСМ бара поголем минималец и флексибилно работно време
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара итни мерки од Владата за да се гарантира достоинствена работа на граѓаните - за почеток минималната плата да биде 10.000 денари и да се усогласува со животните трошоци. „Половина од вработените земаат плата пониска од 16 илјади денари. И  да има две вакви плати во семејството не може да ги покријат минималните неопходни трошоци за живот кои според Синдикалната кошничка на ССМ треба да изнесува 32 илјади денари месечно“, вели Мила Царовска, претседател на комисијата за труд и социјална политика во СДСМ. Од опозициската партија сметаат дека работниците треба да добијат право на флексибилно работно време за да можат повеќе време да поминуваат со семејствата. Заради тешката економска состојба, во дел од семејствата мора да работат и децата. „Седумнаесет отсто од децата во Македонија се вклучени во работни активности. 23 отсто мали деца, на возраст од 5 до 11 години се вклучени во детски труд“, вели Царовска. СДСМ бара и департизација на синдикатите и укинување на сите закони што на било кој начин го ограничуваат правото на штрајк како и враќање на одземените работнички права со Законот за работни односи.
Слично

Поврзани вести