Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара по итна постапка да се донесе Законот за медиуми

СДСМ бара по итна постапка да се донесе Законот за медиуми

СДСМ денеска излезе со барање по скратена постапка да се донесе Законот за медиуми, кој е предложен од новинарските здруженија.

Предлагаат за оваа цел да се свика итна седница на Собранието. Од партијата велат дека без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори.

„Реформите во медиумите за професионално, навремено и вистинито информирање на граѓаните се клучна заложба на СДСМ и еден од условите за фер и демократски избори. На секој граѓанин му е јасно, без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори“- рече Горан Сугарески, координатор на пратеничка група на СДСМ.

Сугарески објаснува дека предлогот на новинарските здруженија е во насока на предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите.

Слично

Поврзани вести