Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара отчет од Груевски за тоа како го осиромашил народот

СДСМ бара отчет од Груевски за тоа како го осиромашил народот
Премиерот Никола Груевски набрзо, на еден друг начин и не во владината зграда, ќе треба да даде отчет за сите над 3.000 дена во кои е премиер на Република Македонија, рече денеска портпаролот на сДСМ Петре Шилегов, коментирајќи го вчерашниот отчет за 100 дена од работата на овој владин состав. „Тоа ќе биде вистинскиот отчет во којшто Груевски ќе мора да проговори како секојдневно ја разоруваше македонската економија и држава, како го осоромашуваше народот, а ја богатеше својата роднинско – партиска криминална олигархија“, рече Шилегов. Според него, „сите фалби искажани вчера на отчетот се веродостојни исто колку и веста за посетата на вонземјаните во Македонија“. СДСМ нагласува дека наспроти информациите за највисок економски раст во Европа, вистината е дека земјава бележи просечен раст под 2%. „Со ваква стапка на раст, невработеноста единствено може да се намалува ако луѓето се иселуваат, се бришат како бројки, се убиваат или самоубиваат, за жал. Тоа се последиците од 9 годишното функционирање на хибридниот режим на Груевски. И покрај сите иселувања, намалувањето на просечниот животен век, загинувањата по сообраќајниците низ Македонија веќе 9 години, граѓаните кои останаа во државава работат за најниски плати во Европа. Пониски и од БИХ, Косово и Србија кои цела декада војуваа“, вели Шилегов. Опозицијата ги оспори и податоците за високи странски директни инвестиции во земјава. „Набргу како и многу други работи, на виделина ќе излезат сите договори со странските инвеститори, кои денес се најчувана тајна. Тогаш ќе се покаже дека со парите на граѓаните, Македонија всушност инвестира во странските инвеститори, а не дека тие инвестираат во Македонија. Македонија има најниско ниво на странски инвестиции, а во нив платите се помали и од оние во афричките земји, Пакистан или Бангладеш“, нагласи Шилегов. Опозицијата го обвинува премиерот за нереализирани инфраструктурни проекти и рекордни задолжувања на земјата.
Слично

Поврзани вести