Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара оставка од Коце поради сечата на дрвја кај УКИМ

СДСМ бара оставка од Коце поради сечата на дрвја кај УКИМ

Опозициската СДСМ побара оставка од таткото на градот, Коце Трајановски.

Од партијата на Заев остро реагираат на сечата која се случи ноќеска по полноќ, околу 2.30 часот во паркот на Универзитетот Кирил и Методиј.

„Додека граѓаните со денови се гушат во нечист воздух, извршителот на Никола Груевски,  Коце Трајаковски, продолжува со масакрот на дрвјата во Скопје! Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски мора веднаш да си поднесе оставка!“, соопштија од кабинетот на СДСМ.

СДСМ потсетува на реакциите кои студентите и граѓаните ги имаа за задржување на стариот изглед  и прекин со плановите за изградба на барокни факултети.

Велат дека за партијата на власт важни се само  тендерите, парцелите на Водно, провизиите од потрошените евра.

Да се потсетиме дека извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи поради болести на дишните патишта и рак.

Слично

Поврзани вести