Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара одговор – кој ја фрли бомбата пред седиштето на партијата во Карпош?

СДСМ бара одговор – кој ја фрли бомбата пред седиштето на партијата во Карпош?
СДСМ бара итно расветлување на инцидентот во кој бомба експлодираше пред штаб на оваа партија во општина Карпош. Лидерот на партијата Зоран Заев денеска ги повика на разговор активистите од локалниот клуб на социјалдемократската младина за да дознае како се случил настанот. „На почетокот не верувавме дека станува збор за експлозија на бомба. Сепак ние овде секојдневно се дружиме, во близина има и спортско игралиште, училиште и од тие причини не поверувавме дека некој се осмелил овде да фрли бомба“, објаснуваше претседателот на Клубот во Карпош, Владимир Станивуковиќ. „Јас се гордеам со вас. Вие демонстриравте трезвеност, зрелост и храброст. Ова е пример дека младите социјалдемократи се оние кои секогаш бескомпромисно и непоколебливо застануваат во одбрана на мирот, на вистината и на правдата, со цел Македонија да се врати на вистинскиот пат. Тоа е патот кон демократијата, безбедноста и просперитетот“, рече претседателот Заев. Лидерот на СДСМ побара од полицијата итно да ги открие извршителите на овој чин. Само среќата спасила еден од членовите на СДММ кој непосредно пред експлозијата влегол на состанокот. Од МВР велат дека се уште немаат сознанија за експлозијата пред штабот на СДСМ. Засега нема осомничени, ни очевидци на настанот. Владејачката ВМРО – ДПМНЕ го осуди инцидентот и ги повика институциите во најбрз можен рок да го расветлат случајот и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата, а слична порака и осуда дојде и од ДУИ.
Слично

Поврзани вести