Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара од власта итни и издржани мерки за жолтицата во Шуто Оризари

СДСМ бара од власта итни и издржани мерки за жолтицата во Шуто Оризари

„Во отсуство на сериозност од надлежните институции, излеговме овде да ги поддржиме со право вознемирените граѓани во Шуто Оризари и да побараме итни и издржани мерки за жолтицата којашто пламти во оваа општина“, велат од опозицијата.

„Само во Шуто Оризари, повеќе од 130 лица се заболени од жолтица, а бројката секојдневно расте. На оваа и соседната улица, без вода и канализација, во импровизирани живеалишта живеат 200 семејства, со по 4 членови во семејство. Од нив, 150 се деца од предучилишна и училишна возраст. За краток период, само на овие две улици, регистрирани се повеќе од 10 инфицирани деца со заразната жолтица. Инкубацијата е од 15 – 50 дена така што бројката е веќе поголема. Има и 6 – 7 жени кои се бремени и се во ризик да се инфицираат!

 Знаете ли какви мерки за заштита предложил Институтот за јавно здравје?

Дели апчиња на жителите за дезинфекција на канализациските чворови?!

Овие луѓе живеат во депонии, на само неколку километри од центарот на Скопје и стравуваат за своите деца и нивното здравје, додека денеска власта на Груевски таму почнува да го гради 18 милионското панорамско тркало, реагираат од СДСМ, барајќи од надлежните државни институции и локалната власт веднаш да излезат на терен, да направат увид на состојбата и да се посветат на решавање на лошите услови за живот..

Во меѓувреме бараат, да се обезбедат цистерни со вода, што секојдневно ќе доставуваат свежа вода за пиење до луѓето, како и техничка вода за одржување хигиена.

Слично

Поврзани вести