Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара од Собранието веднаш да им ги констатира оставките

СДСМ бара од Собранието веднаш да им ги констатира оставките

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски веднаш да ги констатира оставките на пратениците од опозицијата, депонирани пред повеќе одц шест месеци, бара опозицискиот СДСМ.

Според Рената Дескоска од СДСМ, Собранието не може да суди дали се оправдано или неоправдано отсутни пратеници кои се во оставка.

„Станува збор за трагикомичен обид на собранискиот спикер да го замаскира кршењето на Уставот кое тој самиот го стори во период од повеќе од 6 месеци, кога оневозможи престанок на нашите мандати. Со неговото неодговорно однесување им е нанесена штета на избраните пратеници чиј мандат не може да престане, нанесена е штета на Буџетот и најважно од се погазен е Уставот и владеењето на правото. Собранискиот спикер се однесува како уставот да не важи за него. Ситуацијава во која е вовлечен Трајко Вељаноски и владејачкото мнозинство наликува на доцна фаза од човек што пропаднал во жива песок. Колку повеќе мрда, толку повеќе тоне“, вели Дескоска.

Слично

Поврзани вести