Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара од Премиерот да каже кои се авторите на петте споменици

СДСМ бара од Премиерот да каже кои се авторите на петте споменици

„Владата на Никола Груевски, на 17 февруари 2015 година донела одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Тоа е овој луксузен деловен простор, на Рекорд во Скопје, кој здружението го добива без надомест“, реагираат денеска од опозицијата.

Тие потенцираат дека се работи за фантомското здружение кое на градот Скопје му донираше пет скапи споменици, иако за три години имало прилив од вкупно 45 илјади евра. Здружението го води Ташко Јованов, кој повеќе од седум месеци е недостапен за јавноста да одговори колку вредат спомениците, од каде нашол пари да ги плати и кои се нивните автори.

„Ташко Јованов е недостапен за јавноста, ама достапен е за Никола Груевски. Достапен е да се појавува на трибините на т.н. Граѓанско движење за одбрана на Македонија. Еве сега гледаме дека бил достапен за Никола Груевски и за да му даде луксузен деловен простор, во центарот на Скопје, без никаков надомест во трајно користење“, ијави на денешната прес конференција потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Никола Груевски со оваа одлука го признава она што цело време го говоревме, дека тој лично стои зад донацијата на спомениците. Сега веќе не бараме одговори ниту од Ташко Јованов, ниту од Коце Трајановски. Сега бараме одговори од политичарот во заминување Никола Груевски, истакна Манчевски барајќи одговори на овие прашања:

1. Со што анонимното Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, ја задолжило толку државата за му даде луксузен деловен простор без надомест?

2. Никола Груевски, колку вредат спомениците кои наводно анонимното здружение му ги донираше на градот?

3. Никола Груевски, кои се авторите на петте споменици?

4. Дали вие лично одлучивте еден од авторите да биде Валентина Стефановска, автор на повеќе споменици од Скопје 2014?

5. Никола Груевски, од каде ги обезбедивте парите за петте споменици, со огледа на тоа што здружението нема финансиско покритие за таква донација?

 

Слично

Поврзани вести