Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара обвинителството да каже дали покренало кривична постапка против Премиерот

СДСМ бара обвинителството да каже дали покренало кривична постапка против Премиерот

Од опозициската СДСМ на прес конференција денеска посочуваат дека обвинителството потврдило дека постои кривично дело во кое е инволвиран премиерот Грусевски со тоа што забранило  натамошно емитување на снимките, тајно направени на тет а тет средба на Груевски со претседателот на СДСМ Заев.

Имено тие истакнуваат дека Јавното обвинителство може да побара забрана за емитување снимки само доколку се тие направени како дел од посебни истражни мерки.

„Ако претседателот Заев бил следен и прислушуван затоа што имало изречено такви мерки против претседателот на СДСМ, тогаш како се случи снимките да му протечат на обвинителството во јавност?“, прашуваат од СДСМ.

„Другата опција е дека немало изречено посебни истражни мерки против претседателот Заев. Тогаш претседателот на СДСМ бил незаконски сниман во кабинетот на Груевски. И двете варијанти се кривично дело“, потенцира Шилегов на прес конференцијата на СДСМ.

Тие бараат  Јавното обвинителство денеска да каже дали покренало кривична постапка против премиерот Никола Груевски а доколку не покренало постапка, тогаш – зошто?

Од опозицијата напоменуваат дека забраната за која што зборува Јавното обвинителство не се однесувала на доказите со коишто располага Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коишто ќе бидат објавени пред јавноста во Македонија.

„Забраната за којашто зборува Јавното обвинителство не се однесува на медиумите и новинарите кои ќе ги објават доказите коишто СДСМ ќе ги презентира“, вели Шилегов.

Сметаат дека конфузното соопштение на Јавното обвинителство е обид да се спречи објавувањето на доказите и документите за криминалното владеење на власта и неколкумина поединци околу него и потенцираат сека Законот за кривична постапка не забранува објавување на материјали што можат да бидат предмет на натамошна постапка.

Слично

Поврзани вести