Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара нејзина согласност за вработувања во администрацијата

СДСМ бара нејзина согласност за вработувања во администрацијата

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов бара сите идни вработувања во сите државни институции да се прават и со негов потпис, а не само со потписот на министерот за финансии Зоран Ставрески.

„Мислам дека првата точка на која ќе биде тоа е разгледуањето околку согласностите за нови вработувања. Една од алките на вработување во било која институција е самото Министерство за финансии.Тоа значи дека треба да се добие при сите тие процедури согласност од Министерството за финансии. И не може да не тврдиме дека нови вработувања во администрацијата не е врзано со избори. Но, и во самата дефиниција стои финансиски, кадровски и правни решенија кои може да влијаат на изборите. Вработувањата се кадровски решенија кои ќе влијаат на изборите и ако тоа не го регулираме брзо може да дојде до таква ситуација“, изјави дополнителниот министер Наумов.

Во интервјуто во Економски магазин тој најави и ново вето од опозицијата ако наскоро не се регулира прашањето за вработувања во администрацијата.

Слично

Поврзани вести