Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара локалните и парламентарни избори да се одржат заедно

СДСМ бара локалните и парламентарни избори да се одржат заедно

 СДСМ денеска соопшти дека останува на ставот истовремено со локалните избори да се одржат парламентрани избори.

„Согласно нашиот понуден план, доколку постои политичка волја, до 24 март има доволно време да се постигне и реализира политички договор за да се одржат локални заедно со предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението на опозициската партија објавено по денешното распишување на локалните избори.

„Сметаме дека тоа е единствениот начин да се спречи понатамошно продлабочување на политичката криза. Преку слободни, фер и демократски избори, граѓаните да изберат нов состав на законодавната и извршната власт, затоа што после “црниот понеделник“ актуелната гарнитура заради грубото газење на уставниот поредок и правната држава, нема легитимитет“, стои во партиското соопштение.

СДСМ посочува дека власта ќе сноси целокупна одговорност за понатамошното политичко дестабилизирање на земјата доколку се направи каков било обид да се организираат какви било нелегитимни избори.

Слично

Поврзани вести