СДСМ бара измени на Законот за помилување
Денеска пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување со кое велат дека ја пополнуваат правната празнина која ја создаде Уставниот суд а предвидуваат правила кои ќе ги обесхрабрат терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела а воедно оневозможуваат едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески истакна дека во моментов кога светот и Македонија се соочуваат со сериозни предизвици и глобален тероризам нашата земја не смее да испрати порака дека ќе има милост за сторителите на овие најтешки дела кои се сериозна закана за современиот свет.
„Срамната одлука на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела како што се: терористи, педофили, наркодилери, фалсификатори на избори, криминалци од врвот на власта а таа воедно е е и признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Сугаревски.
Тој истакна верување дека овој закон ќе наиде на поддршка од пратениците на ВРМО-ДПМНЕ и ДУИ, во спротивно секоја спротивна одлука ќе се смета за нивно директно признавање на криминалите на власта.
