Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара итна седница за констатирање на оставките на нивните министри

СДСМ бара итна седница за констатирање на оставките на нивните министри

СДСМ ги повлече нивните закони и побара итна седница, на која ќе се констатираат оставките на министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ во Владата.

„Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Р.Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат“ - велат од партијата.

Според Договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата  е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор,  соопштуваат од СДСМ од каде потенцираат дека остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Македонија.

Оставки до Владата поднесоа министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски Ташевска, како и тројцата дополнителни заменици министри Кире Наумов, Александар Кирацоски и Љупчо Николовски.

Слично

Поврзани вести