Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара Груевски да каже кој му го плаќа одморот во Турција

СДСМ бара Груевски да каже кој му го плаќа одморот во Турција
На чија сметка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски леѕа во Бодрум? - прашува опозицискиот СДСМ, испровоциран од текстовите за одморот на опозицискиот лидер Зоран Заев во некои портали. „ВМРО-ДПМНЕ сака да ги одбегне прашањата поврзани со луксузниот одмор на Никола Груевски во Турција па измислува манипулативни текстови преку провладините медиуми. На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција? Дали луксузниот одмор на Груевски го плаќаат македонските граѓани и колку чини? Колку вкупно лица го придружуваат Никола Груевски и кој го плаќа нивниот ангажман? Која е основата некој друг да го плати одморот на Груевски и дали овој подарок е уредно пријавен од страна на Груевски?“, се вели во партиската реакција. Партијата вели дека за разлика од Груевски, Заев го поминал својот одмор во Грција на сопствен трошок. (ВИДЕО) Турските медиуми го „фатија“ Груевски на прошетка во Бодрум
Слично

Поврзани вести