СДСМ бара домашните фирми да не плаќаат 60 евра за GPRS врска
Опозициската СДСМ денеска со нов предлог побара измени на законот за готовински плаќања.
Имено, од партијата на Заев преку предлог Закон бараат домашните претпријатија да не плаќаат дополнителни 60 евра за воспоставување на врска со GPRS терминалот и крипто модулот посочувајќи дека овој трошок од фирмите ќе испумпа 3,2 милиони евра. (53.104 активни фискални апарати x 60 евра).
Опозицијата смета дека за стопанството и економијата преголеми се казните за малите и средните претпријатија во земјава при што побараа намалување на казните за 50%.
Пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов во име на СДСМ побара сервисирањето на фискалните апарати во врска со GPRS терминалот и крипто модулот да се вршат без надоместок, односно бесплатно.
„Со законот бараме да се укине забрана за вршење на дејност од 30 до 15 дена за даночни обрвзници.Недозволиво е објектите да бидат затворани и пломбирани откако ќе си ја платат казната. Затоа бараме оваа мерка за затворање на објектот од 15 и 30 дена да биде укината“, истакна Николов.