СДСМ бара ДИК да каже дали до 5 јуни е можно да има веродостоен избирачки список
Од опозициската СДСМ денеска ја повикаа Државната изборна комисија да одговори дали до изборите закажани за 5 јуни е можно да има веродостоен избирачки список, повикувајќи се на сомнителните гласачи и нивна проверка.
Од СДСМ посочуваат дека 124 илјади сомнителни гласачи ДИК воопшто нема да ги проверува а образложение за оваа постапка нема.
До МВР се дадени повеќе од 75.000 гласачи да бидат рачно проверени. Секое досие по досие. Исто така и повеќе од 71.000 се дадени во Министерството за правда, во матична евиденција, да се проверат рачно дали имаат извод на родени. Сето тоа мора да биде завршено до 31 март, за 2 дена.
Од партијата на Заев прашуваат како ќе се избришат сите гласачи кои немаат право да бидат на избирачкиот список?
Меѓу останатото од СДСМ побараа ДИК да го соопштипатоказот и роковникот по којшто ќе го прочисти избирачкиот список и ќе го стави на јавен увид.
