Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара да се укине екстерното тестирање

СДСМ бара да се укине екстерното тестирање
Хаотично, неуко, со незаконитости и по секоја цена - вака се спроведува проектот екстерно тестирање според социјалдемократите. Опозициската партија бара веднаш да се укине овој тест, кој според нив служи само за „обезбедување послушност и контрола на наставниците и професорите“. „Експериментирањето отиде до таму што оваа година се јавно објавени прашањата за тестовите, по сите предмети, но тие се и до 400-тини прашања по предмет, во зависност од фондот на часови во текот на неделата. За 4 дена во неделата математика, има точно 400-тини прашања за екстерно! За 14 предмети, тоа се и до 5 000 прашања пред учениците од сите возрасти, од најмалите од 4-то одделение, до матурантите од 4-та година. Да не говориме за контроверзните и лошо формулирани прашања, што ни наставници не знаат кој е точниот одговор“, стои во соопштението од СДСМ. За опозициската партија дополнителен стрес прави одлуката, во различни денови, да им се соопшти на учениците датумот кога полагаат екстерно и предметот по којшто се полага. „Арогантната власт на Никола Груевски, не сакајќи да се откаже од оваа штетна реформа во образовниот систем, нема слух за бројните апели од психолози. За алармите дека децата се изложени на страв, паника и стрес што влијаат на нивната емотивна состојба и може да остават последици во психолошкиот развој“, се додава во соопштението од СДСМ. Од таму нагласуваат и дека ученците кои добиле единица на екстерното тестирање во иднина ќе имаат проблем за упис на универзитетите, иако надлежните уверуваат дека и единица на екстерно е преодна оценка. „Според член 45 од Законот за средно образование тие свидетелства се неважечки. Спорна е и формулата според којашто се одредува просекот на учениците, со оценките од екстерното тестирање“, забележуваат од СДСМ. Дел од прашањата на екстерното тестирање ги збунија и родителите кои реагираа на социјалните мрежи: ПОЧНУВА ЕКСТЕРНОТО - ОД ПРАШАЊАТА ЗБУНЕТИ И УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ
Слично

Поврзани вести