Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара да се откријат вистинските причинители на листеријата

СДСМ бара да се откријат вистинските причинители на листеријата
Опозициската партија СДСМ денеска преку соопштение реагираше на објавените резултати од Агенцијата за храна и ветеринарство од испитувањата извршени врз примероците на храна за присуство на опасната бактерија листерија. Листеријата потврдена во 23 примероци храна, но по изворот на заразата уште се трага „Откако ги кренаа граѓаните на нозе и споменаа дека смртоносната бактерија се наоѓа во колбасите и меленото месото, сега надлежните институции велат дека бактеријата листерија не се криела таму. До кога граѓаните ќе бидат заложници на половичните информации на државните институции дека бактеријата ја има, но не се знае каде? Уште колку им е потребно на институциите да кажат кои се вистинските причинители на смртоносната бактерија?“, се наведува во соопштението на партијата. Според СДСМ, нетранспарентноста на надлежните дополнително ја зголемува неизвесноста кај граѓаните, кои и пред утрешниот празник кога во голем број ги посетуваат туристичките места во Македонија, се лишени од информацијата што смеат, а што не смеат да јадат. „Вака граѓаните се ставени во ситуација да не јадат основни прехранбени производи. Се сомневаат дури и во водата што ја пијат, а веќе два месеца нема резултати што е изворот на смртоносната бактерија. СДСМ бара сериозност, одговорност и објаснување на овие прашања, со цел елиминирање на сите шпекулации и сомнежи кај јавноста“, се вели во соопштението.
Слично

Поврзани вести