СДСМ бара бесплатен превоз за студентите секој ден
Одлуката за бесплатен превоз на студентите еденден во неделата, што ја најави премиерот Никола Груевски, за опозицијата е „крајно лицемерна“, а студентите треба да имаат можнпст бесплатно да го користат јавниот градски превоз секој ден.
„Како градот Скопје има пари за изградба на панорамско тркало, барокни фасади и споменици од бронза и камен, а нема пари за бесплатен автобуски превоз на студентите? Или бесплатниот превоз за студентите не носи тендерски зделки?“, прашува Сања Зинзирова, советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Од опозициската партија велат дека ќе ја поддржат предлог-одлуката со која се овозможува бесплатен превоз на студентите секој четврток, но ќе продолжат да инсистираат мерката да важи и во другите денови.
Груевски вети бесплатен превоз во градските автобуси, на жичарницата на Водно и бесплатен железнички превоз за студентите секој четврток.
Слично
