Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Апликацијата на ДИК покажа колку е потребен Прочистен Избирачки список

СДСМ: Апликацијата на ДИК покажа колку е потребен Прочистен Избирачки список

Oд опозициската СДСМ после овозможената проверка и увид за граѓанска контрола на Избирачкиот список денеска посочуваат од неопходноста на навремено и темелно прочистување на избирачкиот список.

Од партијата на Заев преку приложени документи велат дека неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат по 60, па дури и повеќе лица.

„На една адреса во Скопје се запишани 66 лица.

На една адреса во Ресен се запишани 34, а на друга 24 лица.Уште еднаш се потврди она што го покажа Вистината за Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски организирале криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции“, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори и без него изборите нема да бидат  фер и демократски избори.

За сите неправилности од СДСМ ги охрабруваат граѓаните да ги пријават до ДИК.

Слично

Поврзани вести