Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ апелира до Груевски да го пренасочи стравот од штрајк во дијалог со наставниците

СДСМ апелира до Груевски да го пренасочи стравот од штрајк во дијалог со наставниците

Во многу училишта низ Македонија деновиве се врши голем притисок врз членовите на СОНК да не излезат на закажаниот штрајк на наставниците, најавен за 29 септември, изјавија од СДСМ на денешната прес конференција.

„Груевски наместо да се сврти кон проблемите што ги создаде, тој посегна по притисоци врз членовите на синдикатот. Ова е само доказ дека Владата е таа што се плаши од штрајкот и се труди по секоја цена штрајкот да го спречи. Ги подржуваме барањата на Синдикатот за образование, наука и култура,реагираат од опозицијата, додавајќи:

-Причините за најавениот штрајк во основното и средното образование се резултат исклучиво на погрешните политики што во изминатите години ги применува Владата на Груевски:

-воведување казни за наставниците поради есктерното тестирање, -воведување високи казни за административни пропусти, -притисоците на коишто се ставени наставниците да бранат избрзани експерименти, таканаречени реформи, пред нервозните ученици и родители, -експресните законски измени со коишто власта го погази легитимното право на штрајк, загарантирано со Устав и со потпишаните меѓународни конвенции.

Барањата на СОНК се дел од Програмата на СДСМ во сферата на образованието: разумни и реални, за враќање на достоинството во образовниот процес.

Апелираме, веднаш да престанат притисоците врз наставниците и да започне дијалог помеѓу Владата и претставниците на СОНК, велат од СДСМ.

Прочитајте кога СОНК најави генерален штрајк за  29 септември, и

 Што мисли премиерот за штрајкот во образованието!

Слично

Поврзани вести