СДСМ: Антикорупциска наместо да спречува го штити криминалот
СДСМ денеска обвини дека Антикорупциската комисија наместо да спречува криминал се претворила во негов заштитник и наводно „функционира како филијала на режимот“.
Весна Бендевска, заменик координатор на пратеничка група на СДСМ во најдобрата потврда како оваа институција го крие криминалот, ја посочи вчерашната одлука на судот во САД во врска кој одлучи кривично да ги гони осомничените за давање поткуп во аферата „Дојче Телеком“. Наспроти американските правосудни органи кои ги гонат тие што давале поткуп во оваа афера, во Македонија, вели, власта „со прст не мрднува да ги гони лицата кои биле поткупени“.
- Станува збор за докажан криминал, со јасни и прецизни докази за давање на поткуп од 4,8 милиони евра за да спречи издавањето на лиценца за трет мобилен оператор во Македонија. Дури, кога СДСМ поднесе кривична пријава за непознат сторител за аферата “Дојче Телеком“ режимот самиот ги препозна и ги посочи сторителите, но симптоматично и понатаму ги штити, изјави Бендевска пред просториите на Антикорупциската комисија.
