Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: АД Славија има само 19.000 евра на сметка

СДСМ: АД Славија има само 19.000 евра на сметка

СДСМ тврди дека АД Славија има само околу 19.000 евра на својата сметка, по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека ова претпријатие има годишна добивка од 800.000 евра.

Ваквата реакција следува откако актуелната Влада одлучи да го продаде претпријатието преку Агенцијата за конфискација за имот за нешто повеќе од 200.000 евра по почетна цена. ВМРО-ДПМНЕ, пак тврди дека поранешниот социјалистички гигант вреди повеќе милиони евра доуи и откако би се исплатиле долговите кои ги има.


„Оваа лага вчера беше демантирани од страна на Агенцијата за управување со одземен имот. Како што вчера објави Агенцијата, приложувајќи и документи, Во сите изводи извадени од АД Славија, моментално има над 1,1 милиони денари или скоро 19.000 евра кои се користат за исплата на режиски трошоци и плати. При официјален демнт, при јавно објавени документи, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ја лаже и манипулира јавноста“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека распродажбата на имотот и обезвреднувањето на АД Славија се случила помеѓу 2012 и 2017 година.

Слично

Поврзани вести