СДСМ: 10.000 затворени домашни фирми се резултатот на Груевски
Од СДСМ обвинуваат дека 10.000 затворени домашни фирми се резултатот на Никола Груевски во економијата.
Додаваат дека секоја трета фирма е со блокирана сметкa. Малите и средни претпријатија со години беа потценувани со државна помош од само две евра годишно по фирма, велат од партијата.
Во него се додава дека 10.000 семејства кои егизистираа од тие фирми останаа на улица без работа и основна егзистенција.
„Граѓаните имаат избор на 11 декември да изберат помеѓуекономско уништување на домашните фирми или економско јакнење на домашните фирми. Испланиравме 140 милиони евра директна поддршка за домашните фирми, да се развиваат и да отвораат нови работни места“ -додаваат од партијата.
Ветија дека до крајот на мандатот просечната бруто плата ќе биде 30.000 денари.
