СДПМ ги повлече кандидатските листи, ВМРО-ДПМНЕ сама партија на избори?
Партијата на Никола Груевски најверојатно ќе биде единствената партија која ќе оди на избори според денешните случувања.
Имено, како што е соопштено Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) на Бранко Јаневски од Државната изборна комисија (ДИК) ги повлекла кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, информираат денеска од Комисијата.
На СДПМ и на НДМ на Јанко Бачев им беа оставени 48 часа, законски предвидени за да ги остранат недостатоците од листите.
Од партијата на Бачев, според ДИК, иако доставиле дополнителни документи не ги остраниле сите недостатоците од листите.
НДМ, пак, попладнево соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во законскиот рок од 48 часа со соодветен допис до ДИК ги отстранила констатираните неправилности.
Eдинствено Државната комисија за изборите констатираше дека листите за пратеници на владеачката партија се без неправилности.
Меѓудругото, ВМРО-ДПМНЕ беше партија која прва поднесе кандидатски листи, додека пак опозициската СДСМ, ДУИ и ДПА воопшто не поднесоа листи.
