Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија засеа 25% повеќе пченица од лани

Србија засеа 25% повеќе пченица од лани
Есенската сеидба на пченицата во Србија е завршена, а засеани се околу 600.000 хектари или површина која е за 25% поголема отколку минатата година, изјави советникот за земјоделство Воислав Станковиќ. Тој додаде дека сеидбата на пченица тече според планираното, а се проценува дека приносите ќе бидат околу четири тони по хектар, или околу 2,2-2.4 милиони тони пченица. Според Станковиќ, околу 1,3 милиони тони пченица ќе се искористи за исхрана на населението, додека останатите еден милион тони за извоз а дел од тоа и за добиточна храна.  Тој посочи дека оваа година  пченицата е засеана во оптималнниот рок и временски услови.
Слично

Поврзани вести