СБ: Владата треба да вложува во проекти што имаат потенцијал да остварат високи економски придобивки
Македонија во иднина ќе мора да внимава на зголемувањето на јавниот долг и за што ги троши позајмените пари иако во моментов земјата е под просекот на задолженост во споредба со земјите од регионов, се вели во најновиот извештај на Светска Банка
„Владата треба да посвети внимание на вложувања што имаат потенцијал да остварат високи економски придобивки и понатаму јавниот долг да не се зголемува толку брзо како во минатото. Всушност би сакале да видиме стабилизација на долгот на среден рок“, истакна Доерте Доемеланд од Светска банка.
Според забелешките на Светска Банка Македонија, во споредба со останатите шест земји од регионот годинава ќе има највисок раст на бруто – домашниот производ од 3,5 насто.
Сепак, за Светската банка, еден од главните проблемите е немањето точни и навремени податоци за сиромаштијата во земјава.
Според експертите на Светска Банка во Македонија треба да се зајакнат врските меѓу странските директни инверстиции и остатокот од домашната економија, односно да има повеќе домашни подизведувачи и снабдувачи коишто ќе работат со странските инвеститори.
Слично
