Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савевски „заработи“ кривична за демолирање на канцеларијата на Иванов

Савевски „заработи“ кривична за демолирање на канцеларијата на Иванов

Здравко Савески од Левица кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, учествувал во демолирањето на канцеларијата на Иванов.

Тој со други демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канцеларијата.

Против Савески и лицето В.К., се поднесени кривични пријави за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Се работи за дополнување на кривична пријава што МВР ја поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје на 14 април, против Н.А.(30) и Ф.Н.(30) за истото кривично дело.

Засега нема информации дали Обвинителството ќе бара од судот на Савески и осомничениот В.К. да им биде одредена мерка за обезбедување на присуство.

Од Левица денеска кажаа дека ова се прави за заплашување на луѓето кои протестираат.

Слично

Поврзани вести