Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савески: Како „Левица“ бараме примерот на Ставрески да го следат и другите министри

Савески: Како „Левица“ бараме примерот на Ставрески да го следат и другите министри

Од „Левица“ бараат и другите министри да го следат примерот на Зоран Ставрески и да си поднесат оставки, да се спроведат сите услови за фер избори и повторно да се отвори Изборниот законик.

„Благодарност до сите граѓани што ни дадоа поддршка за време на куќниот притвор. Без нив ќе ни беше многу потешко да издржиме. Не чека уште судење на 5 јуни и ни се заканува казна затвор. Сакам да му изразиме благодарност и на Зоран Ставрески што ни го разубави денот и си поднесе оставка штом излеговме од куќен притвор. Како „Левица“ бараме неговиот пример да го следат и другите министри и да создадат пат за преодна експертска влада која ке создаде услови за фер и демократски избори. Бараме да се спроведат сите услови за фер избори вклучително и повторно отворање на Изборниот законик, бидејќи таму промените што настанаа минатата година беа половични“- изјави Здравко Савески од „Левица“.

Груевски се надева дека летото ќе ги спречи граѓаните да протестираат, но револтот е голем кога народот ќе почне да гази напред, не може да биде сопрен, додава тој.

За власта вели дека ако се надеваат на летото, после тоа ќе дојде есента, а нив деновите им се избројани.

Слично

Поврзани вести