САВА И ДУНАВ кријат неексплодирани бомби и ракети уште од времето на Втората светска војна!
Од агресијата на СР Југославија 1999 година, голем број неексплодирани авионски бомби и ракети на НАТО се наоѓаат во Сава и Дунав.
Кај останатите водени текови, за кои постојат сомневања дека се загадени со различни видови на експлозиви во тек се истражувања, изјавил денеска за Танјуг директорот на Центарот за рааминирње на Србија Бранислав Јовановиќ.
Неексплодирани авионски бомби и ракети се наоѓаат кај мостот Богојево-Ердут, мостот Бачка Паланка- Илок, Нови Сад 1 нагоре од мостот „Слобода„, Нови Сад 2 нагоре од железничкиот мост, Панчево, Далековод Ритипек 1 -Иваново, мост Смедерево - Ковин, Шабас, Обреновац 1 во близина на Термоелектрана, Обреновац 2 во близина на фабриката Бариќ, прецизирал Јовановиќ.
„За останатите локации во водните текови на Србија, за кои се сомневаат дека се загадени со различни видови на неексплодирани убиствени средства во тек е истражување поради прелиминарни проценки на ризик“, рекол Јовановиќ.
Постојат сомневања дека во Сава, на подрачјето на целото Јамен, се наоѓаат импровизирани мински направи заостанати од периодот на воените судири во 1991 - 1995 година.
Не се само во прашање неексплоирани бомби и ракети од НАТО агресијата, уште има заостанати од Втората светска војна.
Во Ѓердапската клисура, на територијата на Србија во близина на Прахова, потонати се од 1944 година воени бродови на Германија со противбродски мини и други убиствени средства.
„На оваа локација во 2006 година е направедно истражување и потврдено е дека тука се потонати 23 брода, и дека на четири брода се наоѓаат противбродски мини .
Јовановиќ рекол дека поплавената германска флота во Ѓердап „ја отежнува пловидбата на бродот со тимови на делот во Дунав и претставува честа опасност за луѓето и животната средина.
