Економија, финансии, бизнис

Контакт

САУДИСКИОТ НАФТЕН ГИГАНТ ИМА РЕКОРДЕН ПРОФИТ: Компанијата Арамко оствари 48 милијарди долари само во вториот квартал од 2022

САУДИСКИОТ НАФТЕН ГИГАНТ ИМА РЕКОРДЕН ПРОФИТ: Компанијата Арамко оствари 48 милијарди долари само во вториот квартал од 2022

Саудискиот нафтен гигант Арамко го собори сопствениот рекорден профит бидејќи во вториот квартал од оваа година оствари профит од 48 милијарди долари.

Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година.

Во исто време, нето добивката на компанијата во првата половина од годината порасна на 87,9 милијарди долари.

Руската инвазија во Украина предизвика голем скок на цените на нафтата и гасот, потсетува Би-Би-Си. Русија е еден од најголемите извозници, но западните земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските енергетски извори.

Покрај рекордната добивка, Арамко најави и дека ќе ја задржи дивидендата непроменета на 18,8 милијарди за третиот квартал.

Од компанијата најавуваат и дека ќе продолжи да го зголемува производството за да се задоволат барањата.

„Иако нестабилноста на глобалниот пазар и економската несигурност остануваат, настаните во првата половина од годината го поддржуваат нашиот став дека тековните инвестиции во нашата индустрија се од суштинско значење за да се обезбеди пазарите да останат добро снабдени и да се олесни уредната енергетска транзиција“, рече претседателот на Aramco и Извршниот директор Амин Насер.

ФОТО/EPA

Слично

Поврзани вести