Саудиски принц платил милијарди за неговата слобода
Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал најверојатно платил 1 милијарди долари за негово ослободување од притвор откако новиот саудиски крал Салман нареди голема анти-коруптивна акција во која беа уапсени 350 членови на кралското семејство, моќни бизнисмени, министри, директори на богати државни фирми и раководители на безбедносните служби.
Принцот Ал-Валид бин Талал го нарекуваат саудискиот Ворен Бафет поради успешноста на компанијата Kingdom Holding Company која работи на пазарот на капитал, па се проценува дека за својата слобода се откажал од голем дел од личното богатство.
Главната цел на саудиската власт беше да се спречи корупцијата на највисоко ниво, но и да го наполни буџетот со пари од притворените принцови и директори од кои се очекува да собере околу 100 милијарди долари. Ал-Валид бин Талал најверојатно и ќе се повлече од челната позиција на моќната компанија Kingdom Holding Company.
Тој беше ослободен од притвор кој го отслужуваше во луксузниот „Риц-Карлтон“ хотел во Ријад, како и останатите триста притвореници.
