САУДИСКА АРАБИЈА СО БАРАЊЕ ДО ОПЕК: Какви планови имаат за нафтата?
Саудиска Арабија ја извести официјално ОПЕК за барањето да биде продолжен за уште 6 месеци договорот со скратување на приносите на нафтата, пишува The Wall Street Journal.
Официјалната средба на министрите на нафтениот картел е закажана за крајот на мај.
На крајот на минатата година ОПЕК и десетина земји кои се надвор од организацијата се договорија да намалување на производството на нафта за околу 1,2 милиони барели дневно. 0,558 милиони барели од тоа количество паѓа на земјите надвор од картелот. Целта беше да се зголемат цените на суровината. Договорот доведе до раст на цената на нафтата со околу 20%.
Цената нафтата веќе некое време е околу 56 долари за барел, а намалувањето на понудата не доведе до брзо намалување на резервите. Делумно неуспехот на договорот е заради САД, кои ги зголемија приносите.
