Економија, финансии, бизнис

Контакт

САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ УВЕЗУВА МЕСО И МЛЕКО ОД СРБИЈА: Северниот сосед е ставен на листата на одобрени извозници

САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ УВЕЗУВА МЕСО И МЛЕКО ОД СРБИЈА: Северниот сосед е ставен на листата на одобрени извозници

Можноста за пласирање на српската храна на овој високоплатен пазар се смета за одлична можност за производителите на храна, особено во ситуација кога цените на храната достигнуваат рекордни нивоа.

Управата за храна и лекови на Саудиска Арабија одобри увоз на говедско месо, млеко и млечни производи од Србија, потврдија денеска за Танјуг од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На неодамнешната средба со претставници на оваа администрација, српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ бил информиран дека Србија е ставена на листата на одобрени извозници на храна во Саудиска Арабија, а со најновата одлука на тамошната Управа за храна и лекови формално е одобрен извозот од Србија.

ФОТО: EPA/RAYNER PENA

Слично

Поврзани вести