Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиска Арабија ќе го дуплира производството на злато

Саудиска Арабија ќе го дуплира производството на злато

Најголемата саудиска рударска компанија планира да го дуплира производството на злато до 2020 година. 

Намерите се дел од напорите на Саудиска Арабија, која е најголем извозник на нафта, да ја раздвижи својата економија. 

Најголемата саудиска рударска компанија Saudi Arabian Mining Co. планира двојно да го зголеми производството на злато до 2020 година, како и да го зголеми производството на други суровини - од алуминиум до амонијак, соопштува Bloomberg. 

„Производството на злато ќе биде 500.000 унци до 2020 година од околу 200.000 унци оваа година"- изјави Халед ал Мудајфер, извршен директор на Saudi Arabian Mining Co.

Саудиска Арабија планира да создаде повеќе работни места надвор од нафтениот сектор и да ги зголеми приходите. Монархијата планира рударството да генерира 26 милијарди долари во економијата до 2020 година и како резултат на тоа да создаде 90 илјади работни места. Ова се предвидува во специјалната програма Визија 2030. Саудиска Арабија е богата со алуминиум, фосфат, злато, бакар и ураниум.

Слично

Поврзани вести