Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиска Арабија и предложи на Русија да го намали приносот на нафтата со 5%

Саудиска Арабија и предложи на Русија да го намали приносот на нафтата со 5%

Рускиот министер за енергетика Александар Новак потврди дека Москва може да учествува на состанокот на земјите од ОПЕК, што е предвидено во февруари.

Според Новак земјите од ОПЕК се обидуваат да закажат средба заедно со земјите членки на Организацијата, која треба да се одржи во февруари.

Според влијателното московско издание "Коммерсант" министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати Сохеил ал-Мазруи соопштил дека приносот на нафта од земјите членки на ОПЕК може да биде намален поради сегашниот пад на цените.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак, рекол дека во моментов во земјите од ОПЕК одат консултации за формата на состанокот.

Интересот на Москва да присуствува на средбата е поврзан со детална анализа на светскиот нафтен пазар, како и да се дискутира за варијантите за неговиот развој во наредните месеци.

Според независни енергетски аналитичари Москва едвај ќе го прифати предлогот на Саудиска Арабија, кој беше објавен денес, Русија да го намали приносот на нафта со 5%.

Ако Москва преземе таков потег, тоа никако не ја исклучува можноста да го изгуби присуството на пазарот , што многу тешко може да ја врати при нормализирање на цените на нафтата.

Пред неколку недели за време на економскиот форум министер Новак изјави дека Москва не планира да го намали приносот на нафта во 2016 година, и покрај падот на цените на оваа суровина на светскиот пазар. Тогаш дури посочи дека Москва има намера да продолжи да добива 525 милиони тони нафта.

Претходно денеска прес секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, најави дека темата за нестабилен растечки светски пазар на нафтата како за Москва, така и за останатите земји производители на "црното злато", претставува интерес, и дека неговата земја ја следи внимателно динамиката на ова прашање. Така тој јасно дава до знаење дека Кремљ е подготвен да учествува во разговорите со ОПЕК во координирањето на цените на нафтата.

Слично

Поврзани вести