Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиска Арабија целосно го менува енергетскиот сектор

Саудиска Арабија целосно го менува енергетскиот сектор

Саудиска Арабија донесе амбициозен план со кој предвидува за неколку години 10% од енергетските капацитети да се претставени од обновливи извори на енергија со што ќе направи значаен чекор за подобра екологија и заштита на животната средина, како и намалување на зависноста од само еден извор - нафтата.

Министерот Калед ал Фалих ги повика сите инвеститори во неговата земја каде се предвидени триесетина проекти кои ќе се реализираат во наредните десетина година со цел да се стигне до производство на 10 гигават часови електрична енергија од обновливи извори.

Со оглед на тоа што цената на нафтата минатата и оваа година бележи многу ниски цени, се намалува и профитабилноста на извозот и производството во Саудиска Арабија, па затоа државното раководство е цврсто решено да креира нов вид на економија кој ќе донесе уште поголем просперитет. 

Слично

Поврзани вести