Саудијците ќе потрошат милијарда за вселенските авантури на Бренсон
Саудиска Арабија ќе вложи 1 милијарда долари во Virgin Group, компанијата на ексцентричниот богаташ Ричард Брансон, за неговите вселенски авантури, но и сериозни операции за лансирање на сателити во орбитата како и пренос на вселенски товар за НАСА и останатите вселенски агенции.

Брансон го привлече вниманието со најавата дека наскоро ќе организира летови со Virgin леталата на работ на земјената орбита што ќе биде речиси вселенско искуство за многумина патници кои немаат можност да бидат астронаути.
Со други зборови богаташи ќе плаќаат стотици илјади долари за кратки вселенски летови, а притоа ќе се забавуваат како да се во најлуксузната бизнис класа што се очекува да им донесене огромни приходи на компаниите од Virgin групацијата, а на Саудиска Арабија директен линк со приватните вселенски програми.
