Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудијци ја преземаа најголемата рафинерија во САД

Саудијци ја преземаа најголемата рафинерија во САД

Државната саудиска компанија Арамко стана целосен сопственик на најголемата нафтена рафинерија во САД. Станува збор за Порт Артур во Тексас каде дневно има капацитет да се процесуираат над 600 илјади барели нафта. 

Причината за Арамко да го откупи целиот пакет на акции се комплицираните односи со Шел кои решија да се повлечат од заедничката компанија и повеќе да не соработуваат во Порт Артур. 

На овој начин Арамко се стекнува со голема моќ, а има право на користење и на 24 дистрибутивни терминали. Арамко исто така сега има ексклузивно право за продажба на Шел природен гас во повеќе американски сојузни држави што ќе има вредност од десетици милијарди долари. 

Овој договор има и политичка вредност за САД бидејќи претходно 50% од акциите ги поседуваше Венецуела која по големата економска криза размислуваше да добие инвестиција од руската Роснет од 1.5 милијарди долари што можеше да има потенцијално опасни последици по американскиот енергетски сектор. 

Доналд Трамп од друга страна ги увери Саудијците дека остануваат сојузници без оглед на неговите екстремни барања тие да испратат своја војска да се бори со ИСИС во Сирија.


Слично

Поврзани вести