Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Самарџиоски отповикан од Одборот на директори на Витаминка

Сашо Самарџиоски отповикан од Одборот на директори на Витаминка

Сашко Самарџиоски, досегашен директор на прилепска „Витаминка“ е отповикан од функцијата. Одлуката за отповикување на членовите од Одборот на директори веќе е објавена на Македонска берза.

Освен Самарџиоски од Одборот се отповикани и Симон Наумовски кој беше претседател на Одборот, Сашо Наумовски, Благоја Ѓорѓијовски и Ѓорѓи Манчевски.

Сепак дел од нив повторно се предложени за избор. Во новиот Одбор на директори ќе членуваат Симон Наумоски, Сашо Наумоски, Благоја Ѓорѓијовски, Горан Рафајловски  и Марјан Бојаџиев. За независни членови се предложени Рафајловски и Бојаџиев.


Слично

Поврзани вести