Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Мијалков сè уште директор на УБК

Сашо Мијалков сè уште директор на УБК

Поминаа речиси десет дена откако директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков си поднесе оставка, а тој и понатаму е на чело на тајната полиција.

Тоа може да се види и на интернет страницата на тајната полиција, но и во службените весници на Република Македонија. Имено, од 12-ти Мај до денес не постои објавена владина одлука која во својот наслов содржи решение за разрешување на стариот или именување на нов директор на УБК. Неофицијални извори пак тврдат дека тој се уште редовно си доаѓа на работа, пренесува АЛСАТ-М.

Овој медиум тврди дека испратиле редица прашања до прес службата на Владата а меѓудругото, дали Мијалков се уште е формално правно директор на УБК и кога може да се очекува избор на неговиот наследник, но засега до нив одговор не стигнал.

Покрај Сашо Мијалков, оставка од функциите си поднесоа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Нивни наследници се Митко Чавков и Владо Мисајловски.

Слично

Поврзани вести