САШО КОКАЛАНОВ, „Козаностра“: ВМРО ДПМНЕ треба да добие шанса конечно да дојде на власт!
Авторот на Козаностра во своја оценка за Фактор дава видување на годината што измина, но и очекувања за годинава која започна:
Мислам дека е крајно време Столе Попов да ја заштити како своја интелектуална сопственост `49 година, нема смисла секоја година да си честитаме Среќна Нова `49. Некако се чувствувам како да сме во Денот на дабарот. Секое сабајле се будиме во 49-та, а потоа го живееме денот правејќи ги истите грешки. На политички план, најмногу ме нервира е што комунистиве се се уште на власт.
Во 2016 година очекувам ова зло да заврши, да се разбудиме во нов ден, па и ВМРО-ДПМНЕ треба да добие шанса конечно да дојде на власт. Што се однесува до тврдењата дека во 2015 година имало некакви бомби, јас не знам ништо за тоа и цврсто се придржував со препораките на јавниот обвинител да не се слушаат и пуштаат материјали што се неовластено снимени.
Сакам да изразам надеж дека во 2016 година разнебитувањето на македонското национално битие ќе биде поразено, странците ќе бидат протерани од државата, а општата демократска и економска благосостојба да продолжи. На личен план, сакам да си посакам да бидам еден од тие 50.000 среќници кои ќе бидат дел од новите вработувања во најавените странски инвестиции кога ВМРО ќе дојде на власт. За некого 8.000 денари можеби не се некоја пара, ама па плата си е плата.
ГОРАН ВЕЛИЧКОВСКИ „ЗЕВЗЕКМАНИЈА“: Година на гаќите!
ИНТЕРВЈУ ВАСИЛ ТОЛЕВСКИ: Во Македонија нема невработени, секој работи против секого!
Слично
