Саркози: Сакам да работам
Николас Саркози на банкарите во Њујорк им порача дека посакува нов живот и повеќе работа.
-Сакам нов живот, но не само за да држам предавања, тоа што го сакам не е политика, сакам да работам. Многу би сакал да покажам дека може да се биде политичар и да се разбира претприемништвото, изјави Саркози во педесет минутен говор пред 400 банкари на Менхетен.
Бившиот претседател на Франција вели дека е млад пензионер кој не работи веќе пет месеци, најдолг одмор за него досега , но и дека никогаш не бил посреќен со таквата ситуација. Ова е првиот говор на Саркози откако пред пет месеци излезе од Елисејската палата.
Слично
