Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саркози бара да се отворат прифатни центри за бегалци во Бугарија и Србија

Саркози бара да се отворат прифатни центри за бегалци во Бугарија и Србија

Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјавил дека би требало да се отворат прифатни центри за бегалците во Северна Африка, Србија или Бугарија.

Тоа, како што рекол, би овозможило да се одреди дали тие ќе добијат статус на политички бегалци или не пред да влезат во шенген зоната, пренесе париски весник „Либерасион“.

Тој изјавил дека е неопходен “шенген2“ како обнова на шенгенските зони,бидејќи не верува во нивна реформа.

Сaркози додал дека сите земји во таа зона треба да имаат иста миграциона политика.

Со отварање на прифатни центри во Северна Африка, Србија или Бугарија би се избегнал така големиот прилив на мигранти и трагедии на Средоземното море, рекол тој.

Слично

Поврзани вести