Економија, финансии, бизнис

Контакт

САРКАСТИЧНО ГО УПОТРЕБИ ЗБОРОТ „БРАЌА“: Руска политичарка тврди дека српските МиГ - 29 ќе завршат во Украина

САРКАСТИЧНО ГО УПОТРЕБИ ЗБОРОТ „БРАЌА“: Руска политичарка тврди дека српските МиГ - 29 ќе завршат во Украина

Руската политичарка Елена Владимировна Панина тврди дека Србија ќе ѝ испрати „мигови“ на Украина според договорот со Франција за набавка на авиони Рафал.

„Ловците ќе им бидат предадени на Французите во декември. Очигледно е дека тие авиони потоа ќе одат во Украина. Наводно Москва е веќе известена за оваа точка од договорот“, напиша на Телеграм, Елена Владимировна Панина.

Според јавно достапните податоци, Србија има 14 ловци МиГ-29 во активна служба, а Панина тврди дека се спрема трансфер на 36 авиони. Не е познато колку неактивни авиони МиГ-29 Србија има во складиштата.

„Ова не е прв пат на Киев да му биде испорачано руско оружје. Украина преку посредници добила муниција од Србија во вредност од 800 милиони евра. Се поставува прашањето на кого од „Браќата“ Русија може да му го продаде своето оружје без ризик дека подоцна со него ќе се пука на нас“, порача руската политичарка.

Србија ќе купи 12 авиони Рафал од Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон деновиве ја посети Србија и деталите беа прецизирани со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Во Полтава во Украина денеска имаше  голем руски напад, при што загинаа педестина луѓе. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести