Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини ќе се сретне со синдикатот на Охис

Сараќини ќе се сретне со синдикатот на Охис
Средба на министерот за економија Ваљон Сараќини и вработените во Охис според најавите се очекува во среда со цел изнаоѓање на решение за нивните проблеми. -Ние сме во постојана комуникација со синдикатот на Охис и очекуваме во среда да имаме средба со цел да ги решиме нивните проблеми односно тоа што е најбитно да најдеме заеднички модел не само за Охис, туку за сите загубари за да може да најдеме стратешки партнери во овие четири компании. Процедурата воопшто не е едноставна посебно кога се работи за социјална димензија каде што треба да бидеме претпазливи да видиме што ќе се случи со тие вработени“, рече Сараќини, додавајќи дека не е лесно од еден инвеститор да се побара да ги сочува сите вработени. Охис, како што рече Сараќини, не е без сопственик, бидејќи владата во повеќе наврати им излегла во пресрет на вработените. -Стоиме на цврстиот став дека Охис треба да добие стратешки партнер. Работиме на тоа имаме чести состаноци, веќе на следната седница на влада ќе се разгледа нова можност за продавање на овој загубар“, рече Сарачини, додавајќи дека  очекува во наредниот период да се подготви тендерската документација и конечно да се најде инвеститор. За продажбата на ОХИС беа распишани десетина тендери, но се' уште нема заинтересирана компанија која ќе го купи со долгови од 21 милиони евра и 790 вработени.
Слично

Поврзани вести