Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини задоволен од извештајот на Брисел

Сараќини задоволен од извештајот на Брисел
Во услови има криза , во услови кога економијата е сериозно нарушена во рамките на ЕУ , сепак Македонија бележи одреден прогрес , смета министерот за економија Ваљон Сараќини . Според него извештајот на ЕК што неодамна го добивме дава многу позитивни работи во делот на економијата.  Забележан е прогрес во одредени сегменти, а констатирани се и слабости , но Министерството за економија и Владата ќе работат напорно за следниот Извештај да биде многу подобар од овој што го имаме, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини. Во Извештајот, како слабости се наведени , недостиг на квалитетна работа сила, малиот буџет за малите и средни претпријатија и занаетчиството, како и недоволното  искористувањето на европските фондови за претприемништво и иновации како ЦИП. -  Извештајот ја нагласува важноста на макроекономската стабилност на земјта во услови на турбуленции, не само во Европа туку и во светски рамки. Тоа е своевидна потврда за ефективноста на неколку пакети мерки што претходно ги презеде Владата за соочување со кризата што е присутна во Европа и со тоа значително успеавме на некој начин да ги амортизираме негативните ефекти од кризата, рече Сарачини.
Слично

Поврзани вести